СЛЕДЕН НАТПРЕВАР
АБА Струмица vs РАБОТНИЧКИ
07.12.2011 година
Кошарскарска Федерција
Резултати Супер Лига
СУПЕРКУП
Фени Индустри vs РАБОТНИЧКИ
83:89
Резултати
Сезона 2010/11
- КК Работнички го освои Купот на РМ.
- КК Работнички е второпласиран во македонското националното првенство.
КК Работнички
Работнички го „разнесе“ МЗТ Скопје!
Демонстрирајќи тотална доминација кошаркарите на Работнички ја забележаа за себе најпосакуваната победа во домашното натпреварување совладувајќи го во својот „Градски парк“ најголемиот ривал МЗТ Скопје со 80-68 (42-37).
Во извонреден амбиент, пратен од посакуваната поддршка на своите навивачи, Работнички уште од самиот почеток го наметна победничкиот ритам добивајќи ја првата четвртина убедливо со 24-14. Активната доминација на домашните кошаркари беше прекината пред самиот крај на четвртината кога поради инцидент меѓу навивачките групи на двата тима дуелот беше во прекин десеттина минути.
Таквиот прекин како да беше повеќе добредојден за гостите, кои по смирувањето на тензијата во продолжението барем малку навестија надеж за вистински неизвесна дерби завршница на натпреварот. Па во втората четвртина успеаја да ја намалат разликата, стигнувајќи на полувреме до поднослива негатива од пет поени (42-37).
Но, очигледно тоа беше се од „металците“. Во вториот дел повторно контролата на резултатот во рацете на Работнички, кои ја добиваат третата четвртина со пет поени разлика за да рутински сепак не дозволат потоа ниту најмала надеж за лутиот ривал дека може да дојде до пресврт на натпреварот.
Најзаслужни за победата на Работнички беа Брендон Кол со 16 поени и Јане Петровски со 14 реализирани поени, а со двоцифрен број поени, по 12 завршија и Диме Тасовски, Енес Хаџибулиќ и Милош Павловиќ. Ефтим Богоев запиша осум поени зад своето име.
Во тимот на МЗТ Скопје, убедливо најефикасен беше Тодор Гечевски со 25 поени (одличен процент од 60% на шут од поле и 100% од слободните фрлања), додавајќи и плус 11 скока, меѓутоа ниту нашиот извонреден репрезентативец не беше доволен да донесе поповолен резултат за „аеродромци“. Огнен Стојановски забележа 19 поени за МЗТ Скопје, а Ѓорѓи Чековски нанижа 13 поени.
По овој триумф, а лошиот старт на сезоната, Работнички дефинитивно најави враќање на својот сериозно конкурентен статус за свое максимално учество во креирањето на врвот од македонската кошарка и оваа сезона.
Преземено од ekipa.mk
Наjчитани вести
Кошаркарскиот клуб Работнички со нова управа и комплетиран играчки и стручен кадар ја почнува новата кошаркарска сезона. На денешната прес-конференција...
Read More...Нашиот кошаркарски гигант дефинитивно застанува на нозе. Тоа е поентата на една група ентузијасти и вљубеници во кошаркарскиот спорт, и пред...
Read More...Online посетители
Незаборавни податоци од куп натпревари
Најнови Вести
-
Победа над Аба Струмица Кошаркарите на Работнички во четвртото...
-
Јане Петровски дебатираше со триумф за Работнички Јане Петровски не го крие задоволството...
-
Градски парк полн со првата победа за КК Работнички Сосема неочекувано, по три одиграни...
-
Калањ, ново центарско засилување за Работнички Александар Калањ е најновото засилување...
-
Работнички е претплатен на трофеи Кошаркарите и стручниот штаб на...
-
Изјави на Србиновски и Рајковиќ после Суперкупот Марјан Србиновски: „Секоја победа против...
- 1
- 2
- 3
- 4
Анкета
Гласајте за Вашиот фаворит?
Архива на податоци
ВЛЕЗ




